Вести Македонија

Граѓаните со поделени мислења за Сејф сити

Веќе трет ден откако се вклучени камерите од Сејф сити, на улиците се гледа различна ситуација. Едни возачи ги почитуваат правилата, возат со соодветна брзина и застануваат на црвен семафор, други, пак, и натаму не се придржуваат, минуваат на жолто, нагло менуваат ленти и се движат побрзо од дозволеното. Такви сцени денеска видовме и пред мостот „Обединети Нации“ и во Влае, кај кружниот тек, каде што дел од возачите очигледно се прилагодуваат на системот, додека други продолжуваат да возат по старо. Повеќето со кои разговаравме велат дека сега се чувствуваат побезбедни.

„Сигурен сум дека сега ќе биде побезбедно. Затоа што секој ќе се плаши и ќе внимава колку што може повеќе за да не биде казнет“, уверен е жител на главниот град.

„Јас сметам дека ова сега е сосема правилна одлука, мора да има ред во земјава. Сметам дека со овој систем сме на добар пат. Законот е закон, 50 километри на час мора да се вози, и со 51 и 52 треба да има санкција“, смета друг скојпанец. 

„Јас секојдневно се возам од Куманово до Скопје и забележав дека сега деновиве откако функционираат камерите се вози подобро“, вели граѓанин. 

Сепак, дел од граѓаните сметаат дека има збунувачки ситуации, дека добиле опомени за прекршоци што не ги направиле, а системот ги регистрирал. МВР најави дека во пробниот период ќе се направат соодветни промени за да нема дилеми кај возачите, кога и за што се казнети.

Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) велат дека со системот безбеден град ќе има помалку прекршоци.

„Овој систем дополнително ќе ја зголеми безбедноста и ќе ги подигне јавната свест и сообраќајната култура“, изјави Дејан Андоновиќ од РСБСП.

Системот Сејф сити е во тест фаза. Камерите од понеделникот почнаа да снимаат прекршоци, а системот ги пишува во записник кој по електронска пошта веднаш се испраќа на адреса и преку СМС на сопственикот на возилото кое направило прекршок. Во првиот тест период, за 24 часа на 1 декември, регистрирани беа 110.000 прекршоци, додека според МВР на 2 декември регистрирани се вкупно околу 50.000 прекршоци. Засега се испраќаат само опомени, а казните ќе следуваат по завршување на пробниот период.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе