Се работи на воведувањее посебна графа во која граѓаните ќе можат да напишат забелешки и да се изјаснат дали прекршокот со возилото е во нивна сопственост, дали телефонскиот број кој во моментот го користат е тој на којшто пристигнува пораката, или пак доколку имаат поминато на зелено и имаат доказ за тоа истиот да го прикажат.
„Да собереме што повеќе реакции и забелешки, па во таа насока службите работат и во изработка на дигитална опција што ќе овозможи заедно со пораката која граѓаните ја добиваат за сторен прекршок, кога ќе го отворат линкот таму ќе има и дел за прекршок за пријавување на неправилности. На тој начин секој граѓанин којшто добил порака за сторен прекршок и смета дека истиот има неправилно утврдена фактичка состојба ќе има можност преку тој линк да ја пријави таквата неправилност“, објаснува Владимир Велковски – Државен советник во Кабинет на министерот.
Но, што се снима и ќе се документира со „Безбедносен град“?
Кога се поминува на црвено светло камерите го констарираат поминувањето на црвено и прават слика од таблицата, во случај кога се констатира брзина над дозволената се прави слика од предната страна на возилото, односно таблицата и оној кој го прави прекршокот.
Фотографии се уште нема поради технички предизвици кои Велковски најавува дека во идниот период ќе продолжат да се решаваат. На самиот линк граѓаните ќе имаат можност да ги видат и фотографиите, ликот, но тој ќе биде замаглен, а во судска постапка ќе може да се користи како доказ.
Во однос на паркирањето се инсталира опрема со која ќе се детектира непрописното паркирање Арсовска објасни како ќе се одвива и тој процес.
„Таа ќе работи на принцип што едниот полициски службеник ќе го управува возилото, а другиот ќе управува со опремата“, рече Арсовска-Манов.
Идејата за погрешно паркирање првично е на поголемите крстосници со цел спречување на правење метеж во сообраќајот, сепак се уште нема одлука дали полицајците кои ќе снимаат ќе бидат во униформа или цивилна облека.
Т.Д.
