На прашање на Телма, дали и тој денеска од службите на МВР беше возен под 50 километри на час, Тошковски вели дека брзината на движењето на ВИП функционерите од безбедносни причини ја определуваат надлежните служби.
Но, министерот вети дека ќе има казни за сите кои возат пребрзо, па дури и за министри кои сами возат кога не се на работа, па посочи дека знаел за најмалку тројца возачи на министри или министри кои биле казнети- но не ги кажа по име.
Тошковски, во конверзација со новинарот на Телма, Миомир Серафиновиќ, оцени дека прашањето треба да иницира “шмек” на темата сејф сити и е обид да се зборува дали и државните функционери кои се под посебни безбедносни протоколи се возат со ограничување на брзината.
Во продолжение, видеото.
View this post on Instagram
