Во Кривичниот суд во „Идризово“ продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што одзеде 63 животи и во која над 200 млади лица останаа со сериозни повреди и трауми. Сите обвинети денеска се изјаснија како невини, дел од нив изразија сочуство до семејствата, додека обвинителството тврдo останува на ставот дека трагедијата е резултат на сериозни пропусти.
Рочиштето продолжи со бранителката на првоосомничениот во случајот, Дејан Јованов која пред присутните порача дека обвинителството не може да ги докаже кривичните дела за него со вакво небулозно обвинение. Ниту знаел за пиротехниката, а ниту, пак, инспекциските служби некогаш му посочиле за пропусти.
Денешното рочиште го следи колешката Елена Ивановска Мукоска која се вклучи во вестите во 12:30 часот.
