Вести Економија Македонија

Над 10 илјади слободни работни места има во Македонија

Бројот на работници во индустријата во октомври  бил намален за 2,8 отсто во однос на тој месец лани, додека кумулативно за периодот  јануари – октомври годинава во однос на тој лански период бројот на работници се намалил за 3,6 отсто. Од друга страна, пак, Статистика регистрирала над 10 илјади слободни работни места, најмногу во преработувачката индустрија и во трговијата.

За една година, октомври 2025 – октомври 2024 година, бројот на работници во секторот рударство се намалил за 2,8 отсто, во  преработувачката индустрија за 2,9 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1 отсто. Во преработувачката индустрија, најголем пад има во кожарската и во текстилната индустрија, како и во автомобилската индустрија.

Зголемување на бројот на работници има само во неколку сектори. И тука највисок раст на бројот на вработувања има во тутунската индустријата, од 21,9 отсто. Следуваат индустриите за производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, со зголемување од 4,1 отсто, потоа производството на пијалаци од 4 отсто и индустријата за производство на производи од гума и производи од пластични маси  од 3 отсто.

Под 3 отсто раст на бројот на вработени има во секторот производство на компјутерски, електронски и оптички производи, од 2,7 отсто, производство на метали од 2,3 отсто, а под 2 отсто раст на бројот на вработени има во секторите производство на електрична опрема – 1,2 отсто и производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, 0,1 отсто.

Што се однесува до стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година, таа изнесувала 2,02 отсто или 10.033 работни места, а најголем број слободни работни места, 2.052, имало во групата елементарни занимања, објави Државниот завод за статистика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе