Адвокатот Арбен Мемети со статус на Фејсбук алармира за пропуст во Системот „Безбеден град“, поради што граѓани добиваат СМС и електронски опомени за сообраќајни прекршоци со туѓи лични податоци, вклучувајќи име, матичен број, лична карта и информации за возилото.
Мемети нагласува дека ова претставува сериозен системски ризик и прекршување на Законот за заштита на личните податоци, што ја загрозува приватноста и безбедноста на граѓаните, како и довербата во МВР.
Тој истакнува дека грешките отвораат прашања за точноста на казните и можни неоправдани правни последици.
Сејф сити пишува опомена и на 51 км/ч, возачи биле опоменати и три пати за еден ден
Адвокатот бара итна проверка на системот, корекција на неажурните бази на податоци и воспоставување на безбедни процедури за обработка на лични информации, нагласувајќи дека граѓаните имаат право на сигурни и точни податоци без компромиси.

