Дурмиш Белули, газдата на „Дурмо турс“ осуден за трагедијата кај Ласкарци , денеска наместо да се појави во Идризово за издржување на 10 годишната затворска казна тој е во Клиничката болница Тетово на операција. Судијата за извршување на санкции од гостиварскиот суд, Кирко Михајлоски за Телма потврди дека претходно пристигнало барање за одлагање со образложеное дека Белули бил хоспитлаизиран на 28 ноември а за денеска му била закажана и операција на тестиси .
Судијата во телефонскиот разговор за Телма кажа дека утрово бил во болницата во Тетово каде земал изјава од докторот кој треба да ја изврши операцијата а потоа и лично го видел Белули на болнички кревет. Михајлоски одобрил одлагање за 15 дена и новиот термин кога осудениот треба да почне да ја издржува казната е 17 декември. Ова е трет пат како Белули го одложува одењето во затвор поради здравствени причини
Второбвинетиот шеф на возниот парк Ремзи Мифатри пак е во бегство и по него е распишана потерница откако не се појави во Идризово на издржување на казната. Претходно и тој го одлагаше одењето во затвор поради операција на кила на тестиси.
Е.М.И
