Вести Македонија Топ вести

Филипче: Со наративот кон судството и обвинителството власта прави дефокус од реформите

Со наративот кон судството и обвинителството власта прави дефокус од реформите а односот и зборовите се недолични и несоодветни, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Според него во секоја професија или институција има луге кои се однесуваат несоодветно но тоа не е слика за мнозинството.

Приоритет треба да се реформи за поголема доверба во правосудството вели Филипче

„Мнозинството на луѓе бара систем бара реформи, прогрес и преку тоа повисоки примања. И тоа е нашиот пат и единствнеиот излез од оваа ситуацијата во која не стави владата а тоа е тешка периферија на Балканот“ – вели Филипче.

И актуелниот законот за судски буџет пропишува 0,8 проценти од БДП за судството но досега тоа не се случило и се одвојува околу 0,4 проценти . Премиерот е против да се зголеми сумата единствено се согласи да добијат автономен буџет.

Додека Мицкоски ги собира во заедничка бројка процентот за судството кој треба да се одвојува од БДП и оној за обвинителството дефиниран како процент од Буџетот и вели дека тоа се премногу средства, претседателот на Судскиот совет, Камбовски порача дека судството без финансии не може да се гради.

Според него, поголеми финансии се потребни на почетокот за да се стабилизира состојбата  затоа што со години не се инвестирало ниту во кадар ниту во услови .

Оние кои секојдневно одат во судовите можат да раскажат многу примери како илустрација за тоа колку судовите се далеку од дигитализација и како се крпат дупки и како недостасуваат елементарни услови  како расипани лифтови

Според реформската агенда една од мерките за финансиска независност на судството е да се обезбедат доволно финансии  и ресурси за судските органи и да се зголемат капацитетите на Јавното обвинителство

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Дејан Дејан

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе