Вести Култура

Македонската филхармонија за 81 роденден подарува концерт на публиката

Македонската филхармонија одржа генерална проба пред вечерашниот концерт, со кој што ќе прослави 81 години постоење. Концертот е подарок од филхармоничарите за публиката, вели еден од концерт- мајсторите на оркестарот.

  • Се слави 81 роденден што означува една полна младост и зрелост за една Филхармонија. Ние секако прекрасно се чувствуваме секогаш, бидејќи на публиката и даваме подарок за нашиот роденден. А, нивниот подарок е аплаузот, кој што ќе ни го дадат, рече Владимир Костов, концерт- мајстор на Македонската филхармонија.

Како солист ќе настапи светски истакнатиот ерменскиот виолинист, Сергеј Хачатриан, кој е најмладиот добитник на првата награда на виолинскиот натпревар „ Јан Сибелиус“ во 2000 година. Тој ќе учествува во изведбата на „Концертот за виолина и оркестар“ од неговиот сонародник, композиторот Арам Хачатуријан , кој во советската ера важел за еден од водечките композитори.

  • Голема одговорност е, но исто така е голема радост за мене да ја преставам во Македонија, во Скопје, музиката од мојата земја. Затоа што музиката на Хачатриан е многу поврзана со ерменскиот фолклор, исто така. Има многу мотиви од ерменската фолклорна музика, кажа Сергеј Хачатриан, виолинист .

На концертот со кој ќе диригира шеф – диригентот на Македонската филхармонија, Јерухам Шаровски, ќе бидат изведени и „ Свита бр.2“ од балетот „ Лабин и Дојрана“ од Трајко Прокопиев и „ Симфонија бр.1 во це- мол, опус 68. “ од Јоханес Брамс.

  • Мислам дека е вистински репертоар за одбележување на толку важен ден , на така важен ансамбал. Тој е национално наследство. Македонската филхармонија се разбира, е најдобриот оркестар овде и еден од најдобрите на Балканот, вели маестро Јерухам Шаровски, шеф- диригент на Македонската филхармонија.

За нашата Филхармонија настапот во октомври во виенскиот Музикферајн беше успешно заокружување на првите 80 години постоење. А, 81 роденден е почеток на нова фаза во развојот и постигнувањата на единствениот симфониски оркестар кај нас.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе