25 ноември е Меѓународен ден за борба против родово базирано насилство врз жените. Пратеничките ја започнаа кампањата „16 дена активизам“, а од ХЕРА Битола порачаа дека потребни се 365 дена одговорност. Во последните три години се регистрирани 12 фемициди, а институционалните пропусти покажуваат дека родовото насилство расте и претставува системски проблем. Во Велес институциите не реагираа и покрај повеќекратните пријави, а во Струга бремена работничка остана без продолжување на договорот – случај оценет како дискриминација. Истанбулската конвенција потврдува дека заштитата од родово насилство е меѓународен приоритет. Потребни се постојана превенција, континуирана заштита, економска сигурност и едукација. Прашање е како институциите, општеството и секој од нас да придонесе за поголема безбедност и еднаквост.
Дали денес родовата еднаквост е реалност?
Дали знаете за бесплатната 24/7 линија за помош 141700? Да/Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
