Променливата временска состојба ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Информација од ова утро 7.10.2025
Минимална температура (во °C)
0 попова Шапка, 2 Крушево, Маврови Анови, 3 Лазарополе, 4 Крива Паланка, 5 Тетово, Виница 6 Берово, Охрид, Претор, 7 Штип, Битола, Струмица, 8 Куманово, 10 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, 11 Велес, 12 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
10 Крушево, 9 Берово, 7 Виница, 4 Демир Капија, 2 Претор, Битола, Штип.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
