Вести Македонија

Скопјани утрово имаат вода, пукнатата цевка предизвикала силна експлозија кој ги вознемирила жителите на Влае

Скопјани утрово имаат вода, но се уште со намален притисок, откако вчера, заради пукната цевка во населбата Влае, голем дел од градот остана без водоснабдување.

Одеднаш слушнавме силна експлозија и земјата и куќата се стресоа.  Мислевме дека е земјотрес. Излегов надвор и тогаш видов што се случило. Целиот тој дел од улицата експлодирал и парчиња од асфалтот летнале. Потоа се појави оваа дупка. Пукнала цевката од притисок. Овде асфалтот на оваа уличка е неколку сантиметри, а за изградба на згради тука поминуваат огромни и тешки камиони. Беше прашање на време кога ова ќе се случи – вели за МИА жител на Влае кој живее на стотина метри од местото каде што експлодирала Ф-600 цевка. Поради тоа, безмалку во половина Скопје, пред се во Влае, Карпош, Тафталиџе, Козле, па се до Центар, имаше недостиг на вода или помал притисок.

Екслозијата се случила на крајот од улицата Франце Прешерн во Влае, во делот од улицата што оди покрај самиот Вардар. Распуканиот и пропаднат афсалт сведочи за силината на експлозијата, а од сликата на лице место станува јасно зошто земјата и куќите во околината се затресле, а жителите мислеле дека е во прашање земјотрес. Од Водовод и Канализација информираа дека на прекинот му претходеле повеќе краткотрајни прекини на снабдувањето со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, кои предизвикаа варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.

-Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се два дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите. Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата реакција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот, велат од Водовод.

(ВИДЕО) Пукна цевка во Влае, повеќе делови на Скопје без вода

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе