Uncategorized Вести Македонија

(ВИДЕО) Пукна цевка во Влае, повеќе делови на Скопје без вода

Во скопско Влае пукна една од главните водоводни цевки поради што делови од градот останаа без нормален доток на вода. На снимките кои ги објави Телма се гледа улица прекриена со вода, а повеќе куќи, подруми и дворови според жителите се поплавени.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека дефектот е на улицата Франце Прешерн бр. 100Д, каде пукнала цевка со дијаметар од 600 милиметри.

„Поради сериозен дефект, со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатиот дел ќе биде со намален притисок. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности,“ соопштија од претпријатието.

Во моментов со проблеми во снабдувањето со вода се делови од Хром, Ѓорче Петров, Влае и Карпош, а во Центар, Аеродром и други населби е намален притисокот.

Од „Водовод“ засега нема официјална информација до кога ќе трае санирањето на дефектот. Екипи на Водовод се на терен и го заградија местото каде пукна цевката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе