Шега на сметка на Трамп или добронамерен разговор за географскиот гаф на американскиот претседател.
Откако Трамп ги помеша Ерменија и Албанија, сакајќи да се пофали дека ја завршил војната меѓу Азербејџан и Ерменија, албанскиот премиер Еди Рама на маргините на состанокот во Копенхаген, се пошегува со претседателот Макрон и лидерот на Азербејџан Илхам Алијев.
„Треба да се извиниш. Тука, да ни се извиниш. Затоа што не ни честиташе на мировниот договор кој претседателот Трамп го направи меѓу Албанија и Азербејџан“ – му рече Рама на Макрон. – Жал ми е за тоа, шеговито одговори францускиот претседате. – Да, и треба. Тој напорно работеше, заврши Рама.
Откако видео од овој разговор масовно се споделуваше на социјалните мрежи, албанскиот премиер, се обиде да ја спречи евентуалната штета во односите со Соединетите држави, пишувајќи дека станува збор за мала шега, која не треба да се претвора во политички отров.
„Тие коментари беа само добар хумор меѓу луѓе кои во суштина го почитуваат претседателот Трамп и фактот дека тој го врати зборот „мир“ во политичкиот речни на Западот по повеќе години“ – објаснува Рама.
„Треба да се извиниш. Тука, да ни се извиниш. Затоа што не ни честиташе на мировниот договор кој претседателот Трамп го направи меѓу Албанија и Азербејџан“ – му рече Рама на Макрон. – Жал ми е за тоа, шеговито одговори францускиот претседате. – Да, и треба. Тој напорно работеше, заврши Рама.
Никола Илиевски
