Стотици активисти, вклучувајќи ја и шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг, беа приведени од израелските сили откако беше пресретната флотилата што носеше помош за Газа. Израелските поморски сили се качија на повеќето бродови и приведоа активисти и голем број европски пратеници на флотилата којашто се обидуваше да ја пробие израелската блокада. Грета Тунберг објави видео во кое вели дека е „киднапирана“.
- „Се викам Грета Тунберг. Јас сум државјанка на Шведска. Ако го гледате ова видео, израелските сили ме киднапираа и ме однесоа против моја волја. Нашата хуманитарна мисија беше ненасилна и се придржуваше до меѓународното право. Ве молам, кажете ѝ на мојата влада да бара мое и итно ослободување на другите“ – Грета Тунберг, активистка.
Во видео објавено од Глобалната флотила Сумуд, веројатно снимено пред интервенцијата на израелските сили, јужноафриканскиот активист Мандла Мандела, упати апел за негово ослободување. Тој е внук на Нелсон Мандела и поранешен член на Националното собрание на Јужна Африка. Видео порака со слична содржина лиферуваше и Рима Хасан, француска европратеничка од палестинско потекло, таа тврди дека е уапсена.
Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека лицата вклучени во Глобалната флотила Сумуд се префрлени на израелско пристаниште од каде ќе бидат депортирани. Првите бродови беа запрени на околу 129 километри од брегот на Газа во меѓународни води, а други поблиску. Израел ја контролира оваа област, но нема надлежност таму. Израелската морнарица ги предупредила бродовите да го сменат курсот бидејќи „се приближува кон активна борбена зона “, за Глобалната флотила Сумуд пресретнувањето е „нелегално“.
Конвојот составен од повеќе од 40 бродови и 500 активисти, носеше симболична количина хуманитарна помош за Газа. Организаторите на флотилата рекоа дека еден брод успеал да продолжи да плови, но застанал во близина на брегот на Газа пред да се изгуби контактот со него.
Според последните информации бродот пристигнал вечерва во пристаништето Ларнака во откако избегна пресретнување од страна на израелските власти. Човек по потекло од Газа, кој сега живее на Кипар, рече дека бил спречен да достави храна до екипажот на бродот.
Европската комисија го осуди нападот и повика на почитување на меѓународното хуманитарно право.
- „Треба да се почитува меѓународното хуманитарно право, како и меѓународното право на морето, законот за пловидба во меѓународните води. Веќе рековме овде дека ги осудуваме сите напади врз флотилата, сите напади со беспилотни летала или какви било заплени“ – Ева Хрнчирова, портпаролка на Европската комисија.
„Слобода за Палестина“, „Стоп за геноцидот“ под овие слогани илјадници демонстранти во Париз, Лондон, Берлин и други европски метрополи бараат крај на војната во Газа и ги повикуваат своите влади да преземат построги мерки кон Израел.
- „Франција мора да премиене од зборови на дела. Израелската влада мора да биде санкционирана за да спроведе прекин на огнот и да спроведе хуманитарен коридор“ – Софи Бине, генерален секретар на синдикатот.
Според последните информации на Светската здравствена организација 42.000 луѓе во Појасот Газа имаат тешки повреди изгубиле екстремитети или имаат повреди на ‘рбетниот мозок. Од нив 10.000 се деца, а лекарските тимови не се во можност да им помогнат.
Во меѓувреме, Хамас сè уште размислува како да одговори на предлогот на Трамп за прекин на речиси двегодишната војна. Според планот од Хамас се бара да ги врати сите заложници, да се откажат од власта и да се разоружаат во замена за ослободување на стотици палестински затвореници. Сепак, предлогот, кој го прифати израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, не го отвора патот кон воспоставување палестинска државност.
Билјана Ставрова
