Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои места пообилни. На повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Информација од ова утро 2.10. 2025
Минимална температура (во °C)
4 Берово, 6 Крива Паланка, Крушево, 9 Претор, 10 Виница, Куманово, Битола, 11 Тетово, Штип, Демир Капија, 12 Скопје.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
