Американскиот министер за одбрана во говор пред 800 највисоки команданти во Пентагон со порака „подгответе се за војна“.
„Ерата на министерство за одбрана заврши. Добредојдовте во Воено министерство. Мисијата на Пентагон е војување, подготовка за војна и подготовка за победа, без двоумење и без компромис“, рече Хегсет.
Тој порача дека е потребно итно обновување на американската воена индустриска база, бродоградбата и домашното производство на критични компоненти и нагласи оти „нема време за игри“.
„Ако сакаме да спречиме и да избегнеме војна, мора да се подготвиме сега. Сега е време, причината е итна“, додаде Хегсет и најави говор за брзи реформи и во набавките и иновациите во армијата.
Меѓу пораките и за обнова на професионалните и физички стандарди во војската.
С.Д.
