Балкан Вести

Рама: Обединување на Косово и Албанија е во рамки на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Клан Косово“ упати критики до косовското раководство кое, како што рече, направило малку за поранешниот претседател Хашим Тачи и другите кои завршија пред судот во Хаг. Според Рама, Косово доброволно станало заложник на Србија, но нагласи дека мора да ги спроведе сите договори од Брисел.

Тој истакна дека обединување на Косово и Албанија е замисливо единствено во рамките на Европската Унија.

„Националното обединување значи приклучување кон Европската Унија, сè друго е бајка“, рече Рама.

Тој додаде дека регионалните формули од XIX и XX век немаат место денес и дека приоритет на Тирана и Приштина мора да бидат европската интеграција и меѓународното партнерство.

Изјавата доаѓа во период на заладени односи меѓу Косово и Соединетите Американски Држави и суспендирање на стратешкиот дијалог со Приштина, поради „создавање тензии и нестабилност“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе