Вести Македонија

Бошњаковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе паднат за 70.000 – 80.000 во споредба со ланските избори

ВМРО-ДПМНЕ во секој случај ќе ја повтори бројката од претходните локални избори, смета Миле Бошњаковски, консултант за стратешки комуникации, во вечерашнаата дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Мислам дека нема да паднат со 100.000 гласови во споредба со минатогодишните избори, но ќе паднат за некои 70.000 – 80.000. Не треба да ја исклучуваме кампањата која што може да изненади. Се случило во рамки на кампања да има изненадувања во однос на бројките. Но, да кажам што ќе биде варијабила или што ќе биде индикатор дека некој е победник, а некој е губитник. Доколку ВЛЕН го добие Чаир и Тетово, покрај тоа што би биле губитници во големата слика со советници, тие ќе бидат победници. Перцепцијата ќе биде дека се победници. Сакам да кажам дека Чаир и Тетово се еквивалент на помал број на советници вкупно на национално ниво за ВЛЕН. За ЗНАМ победата би била да го освојат Центар и тоа би било навистина големо изненадување. За СДСМ победа би било најверојатно да победат во Центар, меѓутоа да го добијат Куманово. Тоа би било едно големо изненадување“, рече Бошњаковски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Одреден притвор за осомничените за убиството на Трповски

Kristina Kuzmanovski

Каква реформа е потребна за подобар пензиски систем?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе