Вести Македонија Топ вести

УПОЗ: Јавнообвинителската служба на работ на колапс

Синдикалната организација на јавните обвинителства при Синдикатот на УПОЗ ја предупредува јавноста дека јавнообвинителската служба е на работ на целосен колапс поради масовно заминување на кадар, предизвикано од, како што велат, континуирано потценување и невреднување на трудот на службениците.

Според нив, единствениот излез е донесување на новиот Закон за јавнообвинителска служба.

Од Синдикатот велат дека работната група составена од претставници од самите обвинителства во соработка со Министерството за правда изготвила предлог-закон што ги решава клучните проблеми – услови за работа, надоместоци, дежурства и, најважно, систем на плати.

Но, со објавувањето на верзијата на законот на ЕНЕР, тие реагираат дека се игнорирани нивните предлози и повторно се оставаат без суштински решенија.

Синдикатот бара итно да се усвои првичната верзија на законот веднаш по локалните избори и да почне спроведување на сите потребни подзаконски акти.

„Нашата работа бара одговорност и професионалност, но со плати под државниот просек, интересот за оваа служба е во постојан пад“, предупредуваат од Синдикатот, додавајќи дека остануваат отворени за соработка со институциите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Триглав станува сопственик на удел во една од водечките приватни здравствени групации во Хрватска  

Дејан Дејан

ОЈО: Oбвинението против Латас застаре поради супервештачење нарачано од Кривичен

Дејан Дејан

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе