Вести Македонија Топ вести

Најпатриотска резолуција досега или трик од Горњи Милановац?

Најпатриотска резолуција досега или предизборен трик?Најголемите партии и денеска со свое видување на црвените линии кои СДСМ ги преточи во документ кој треба да го поплочи патот за уставни измени.

-Ова е еден од најпатриотските документи што бил понуден на политичката сцена во изминатите повеќе децении поради тоа што отвора врата конечно да се постигне национален консензус за нашите црвени линии-за што ние утре нема да преговараме со Европската Унија доколку се постави такво прашање, тоа од што луѓето стравуваат дека ќе се случува во иднина. Тоа се јазикот, идентитетот, културата, историјата, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче жали за изјавата на премиерот кој рече дека резолуцијата содржи неточни факти и лаги и дека на таков начин не се штитат македонските национални интереси. Тврди дека, се што е наведено е историски точно и се надева дека партиските лидери ќе се надминат себе си и ќе најдат сила да седнат на маса и да дискутираат за документот, затоа што времето изминува, а напредок нема. Подготвен е да разгледа и друг предлог, доколку биде доставен, иако не гледа каква помакедонска резолуција би можело да се достави.

За премиерот, пак, ова се веќе видени трикови и црвени линии кои ќе отсликаат сосема поинакви контури.

-Нивните црвени линии, вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи, нема да дозволам да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, ако им се дозволи да го реализираат нивниот план. Логично се поставуваат прашања -како и зошто пред избори ја наметнуваат оваа тема, за кого работат, до кога ќе им трае ангажманот? Со пазарски трикови од Горњи Милановац пак сакаат да го прелажат сопствениот народ, рече премиерот, Христијан Мицкоски.

Резолуцијата вчера е испратена до сите партии, а официјално ќе биде доставена во Собранието по изборите.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе