На 11-тиот по ред хуманитарен пикник организиран од вработените во „Алкалоид“ под покровителство на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, беа собрани околу 1,8 милиони денари.
Средствата ќе бидат донирани на Црвен крст на Град Скопје и ќе се наменат за поддршка на социјалните сервиси за лица во третата доба – категорија граѓани на кои компанијата им посветува особено внимание и почит.
„Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето“, порача генералниот директор Живко Мукаетов, истакнувајќи ја важноста од грижа за постарите генерации.
Од Црвениот крст изразија благодарност за долгогодишната поддршка и партнерство со „Алкалоид“, нагласувајќи дека ваквите донации се клучни за обезбедување достоинствена старост за највозрасните.

