Вести Македонија Топ вести

Едно договоривме за платите друго стои во законот за службата на ЈО

Синдикатот на јавно-обвинителската служба не е задоволна од начинот како е скроен новиот предлог закон со кој се решаваат наталожените проблеми на дејноста. Велат дека иако биле прифатени и учествувале на преговорите, на крај е доставена нова верзија на предлог законот со намалени цифри за нивните додатоци и дежурства. Јавнообвинителската служба е на работ на целосен колапс поради масовно заминување на кадар, предизвикано од, како што велат од синдикатот, континуирано потценување и невреднување на трудот на службениците.

Иако за првпат седнаа на преговарачка маса заедно со претставници на Министерството за правда, од Синдикалната организација на јавните обвинителства при УПОЗ, на ЕНЕР увиделе дека договореното од состанокот е променето во предлог законот кој е објавен за дебата. Законот требаше да реши дел од наталожените проблеми за јавно обвинителската служба.

Едно од најчуствитетлните прашања е она за финансиите за дежурствата и за додатоците при работа на истраги и предмети, вели Илиева.

Од синдикатот бараат да се усвои и предложи првичната верзија на предлог законот, а не новата во скратена и видоизменета форма. Бараат и нивно задолжително учество во преговорите бидејќи станува збор за решавање на суштински проблеми за службата која е дел од обвинителствата во Македонија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат поради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе