Денес машко лице, државјанин на Полска, бил пријавен за исчезнат на падините на Водно. Пријавата, стигнала по итни повици 112 информираат од Центарот за управување со кризи.
Веднаш по добивањето на пријавата, дежурниот оперативен центар на ЦУК ги мобилизирал сите надлежни служби за брза реакција и потрага.
Во акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот полски државјанин се вклучени и Министерството за внатрешни работи кое формирало специјален тим за пребарување, екипи од Црвениот крст, а и тим за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веќе е упатен на терен.
