Утрово во 7:30 часот, граѓани од иницијативата „Стоп за Вардариште“ започнаа блокада на крстосницата кај мостот Близнаци, поради, како што велат, истечениот рок за реакција од институциите на нивните барања испратени во саботата. Од иницијативата најавуваат засилување на притисокот врз локалните и централните власти. Во 18 часот денеска е најавена нова блокада – овој пат на крстосницата во населбата Маџари, Општина Гази Баба, на улицата Перо Наков кај железничкиот премин. „Стоп за Вардариште“ бара затворање на депонијата, нејзино оградување и 24-часовно обезбедување, санкции за лицата што подметнуваат пожари, преселување и соодветно згрижување на околу 200 жители што живеат во близина, како и прецизни мерки за чистење на просторот од отпад и токсични материјали.
