Семејното насилство повеќе нема да биде „приватна“ работа.
Со најновите измени на Кривичниот законик, кои ги подготвува Министерството за правда, насилниците ќе се гонат по службена должност, дури и без пријава од жртвата.
Институциите ќе имаат обврска да постапуваат веднаш штом добијат сознание за насилство – од сведок, сосед или друг извор, со што се отстранува товарот од жртвата.
Движењето „Ниту една повеќе!“ со блокада пред паркот „Жена Борец“ во Скопје.
Акцијата има за цел гласно да се зборува за еднаквост и живот без насилство врз жените.
Движењето ги истакнува стравовите и гневот поради недостатокот на заштита за жените во земјата, како и потребата за правда и промени во системот.
