Вести Македонија Топ вести

Увидот во тетовската болница заврши, МЗ и Обвинителството сè уште анализираат како дошло до смрт кај 7-годишното девојче

Министерство за здравство и Обвинителството уште анализираат како дошло до смртта на 7-годишното девојче во тетовската болница. Министерот за здравство во вторникот во „Топ Тема“ најави дека стручна комисија наредниот ден ќе го анализира извештајот на Државен санитарен и здравствен инспекторат, но денеска сè уште нема заклучоци и насоки од таа експертска група.

„Министерството за здравство веднаш формираше комисија за стручен надзор за овој случај, составена од специјалисти од областа на педијатрија. По извршениот стручен надзор, комисијата треба да го достави извештајот до Министерство за здравство“, соопштија од Министерството за здравство.

Иако Обвинителството даде писмена наредба да се прави обдукција, семејството тоа не го дозволи и веднаш во понеделникот го погреба девојчето. И оваа институција сè уште работи на откривање на деталите.

„Основното јавно обвинителство Тетово издаде повеќе наредби и насоки за да се испита начинот на кој телото на починатото девојче било предадено, односно преземено од семејството. Дополнително, издадена е наредба за обезбедување на медицинска документација, а се вршат и распити на повеќе лица“, информираат денеска од Јавното Обвинителство.

Девојчето било третирано во приватна здравствена установа еден ден, а потоа било донесено во Клиничката болница во Тетово. Почина на вториот ден од болничкото лекување.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе