Македонското небо во „слепа зона“ откако викендов се расипа единствениот радар на Скопскиот аеродром кој ги контролира ниските летови.
Авиони сега слетуваат со визуелни процедури и странска помош. Делот за поправка на дефектот се чека од Италија, но нема рок.
Контролорите предупредуваа: Системот е стар, ризикот е реален, надлежните пак: „Сè е под контрола“.
За тоа каква е состојбата во моментов во „Да си кажеме“ денеска разговаравме со претседателот на синдикатот во М- НАВ – Александар Тасевски кој меѓу другото говореше и за огласите за вработување.
