Министерството за здравство и Клиниката за пулмологија организираат дводневен бесплатен скрининг за жителите на Трубарево и околните места.
Прегледите ќе се вршат на 24 и 25 септември, преку две мобилни екипи со амбулантни возила.
Скринингот вклучува клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и дополнителни испитувања доколку е потребно.
Особено се поканети лица со респираторни проблеми или симптоми на заболувања на дишните патишта.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
