Вести Македонија Топ вести

„Пуцко петрол“ уверува: Автобусите на ЈСП Скопје нема да останат без нафта и покрај долгот од 10 милиони евра

Автобусите на ЈСП Скопје нема да останат без нафта. Ова за Телма го потврдија од компанијата „Пуцко петрол“. Уверуваат дека снабдување со гориво ќе има и покрај тоа што, како што велат, ЈСП им должи 10 милиони евра. Независниот синдикат на возачи, пак, не ја исклучуваат можноста автобусите да останат паркирани.

„Бројот 41 по зимскиот возен ред треба да има по 10 до 12 линии, моментно има 6. Се случува и за бројот 2, 5 за сите линии, 70-ка има само една, а треба да има две. Редуцирани се многу линии“, Африм Муча независен синдикат на возачи на ЈСП.

Граѓаните, пак, мака мачат како да стигнат до своите дестинации. Велат дека со часови чекаат на постојките, а автобусите се редуцирани.

Градот Скопје вчера информираше дека добавувачот на нафта за Јавното сообраќајно претпријатие ја прекинал испораката, а поради тоа ќе поднесат кривична и материјална одговорност, затоа што не го почитувале договорот.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе