Државната изборна комисија соопшти дека досега се потврдени 303 кандидатски листи за градоначалници на општините и Градот Скопје, како и 558 листи за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје.
ДИК информира дека за дел од општините – Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје – сè уште има листи кои се во постапка на отстранување на неправилности.
Станува збор за осум листи за градоначалници и 20 листи за советници.
Пет кандидатски листи за градоначалник веќе се одбиени – по една за општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Скопје.
Ждрепката за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче ќе се одржи на 25 септември 2025 година, соопшти ДИК.
