Вести Македонија Топ вести

(видео)Мицкоски најави законски измени- подметнување пожар да се третира како акт на тероризам

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе предложи законски измени со кои се предвидува делото подметнивање пожар да се третира како акт на тероризам, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој меѓу другото рече дека пак за дело одложување отпад надвор од депонија ќе се предложи кривично дело за кое казната затвор би била над 5 години.

Видовте утрово, се појави снимка како се случува подметнување пожар во Пинтија, бев континуирано на линија со градоначалникот на Општина Кисела Вода и со министерот и со луѓето од ППЕ, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

  • „Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време дека за жал постојат центри на моќ коишто се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите и одговорот на прашањето кому тоа му одговара мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека досега се идентификувани 20-тина лица за кои постои основано сомнени дека стојат позади овој процес.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украдени учебници од училиште во Ѓорче Петров и запалени во дворот на школото

Дејан Дејан

Европската комисија признава дека ЕЕС предизвикува проблеми, но инсистира дека придобивките од него се далеку поголеми

Дејан Дејан

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе