Вести Свет

Трамп планира ангажирање на Националната гарда во Луизијана

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготви предлог за активирање на 1.000 припадници на Националната гарда на Луизијана во мисија за одржување на редот во „урбаните центри“ на државата, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документи на Пентагон.

Во документите се наведува дека тоа би претставувало значително проширување на улогата на армијата во полицискиот надзор врз граѓаните на САД.

Меѓу нив се наоѓа и непотпишан нацрт-меморандум на министерот за одбрана Пит Хегсет, упатен до државната обвинителка Пем Бонди и секретарката за национална безбедност Кристи Ноем, во кој се образложува „уникатната предност“ од предложениот пристап на Пентагон.

Планот би ѝ овозможил на војската да ги зајакне полициските сили во градовите како Њу Орлеанс и Батон Руж, доколку гувернерот Џеф Ландри, републиканец кој ја поддржа идејата, побара таква помош од федералната влада.

Претседателот Трамп во гостување на „Фокс њуз“ најави дека размислува и за слична мобилизација на Националната гарда во Мемфис, град кој, како и Њу Орлеанс, го води демократски градоначалник. Тој оцени дека во двата града има високо ниво на насилство.

Њу Орлеанс е во многу лоша состојба, а гувернерот сака да интервенираме. Тоа можам да го средам за десетина дена, рече Трамп.

Планот на Пентагон предвидува распоредувањето на Националната гарда во Луизијана да трае до 30 септември 2026 година – многу подолго од времескиот рок што го спомена Трамп.

Пентагон ја потврди автентичноста на документите, но не даде коментар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе