Вести Македонија Најважни

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен,“  потврдија од МВР за Телма.

Според информациите, Лазаров бил лоциран и уапсен во Скопје.

Тој беше уапсен во петокот во Кочани, но успеа да избега преку прозорецот на полициската станица, а два дена по неговото бегство, Основниот суд во Кочани распиша меѓународна потреница по него.

На 10.07.2026 во 20:35 часот во Полициската станица Кочани 41 годишниот А.Л. од Кочани кој претходно бил задржан во полициската станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, од просторија отворил прозорец и се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР.

Лазаров се гони за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик на РСМ, односно за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Бегството на Цуна предизвика повеќе партиски реакции – опозициските партии бараа случајот да се расчисти и одговорните да бидат санкционирани,  а директорот на БЈБ Александар Јанев најави истрага и казни.

-Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. Доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. Внатрешната контрола, со поддршка на колегите од неколку централни оддели во БЈБ, веќе постапува и ги проверува сите околности и инволвирани лица. Секој кај кого ќе се утврди пропуст или вина ќе биде соодветно санкциониран. Очекувам целосна професионалност и непристрасност во целиот процес, изјави Александар Јанев директор на БЈБ.

Кочанчанец го фатиле со дрога па потоа на дрзок начин преку прозор побегнал од полициската станица

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе