Вести Свет

Мелони за убиството на Кирк: Политичкото насилство стана реалност

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк е доказ дека омразата и политичкото насилство станале реалност, пренесуваат италијанските медиуми.

Јас доаѓам од политичка заедница која често беше обвинувана за ширење омраза, а денес истите тие луѓе се радуваат и го оправдуваат убиството на еден млад човек, чиј единствен „грев“ беше што храбро ги бранеше своите идеи, рече Мелони на партиски собир во Рим.

Таа нагласи дека сака да покаже оти политиката може да биде авторитетна и кредибилна, но и водена од љубов кон нацијата и народот. Мелони претходно го нарече убиството на Кирк „ужасно“ и „длабока рана за демократијата и за сите кои веруваат во слободата“.

Чарли Кирк, коосновач на конзервативната организација „Turning Point USA“, пред три дена подлегна на повреди здобиени во атентат за време на негов настап пред студенти на Универзитетот во Јута Вели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе