Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осомничениот за убиството на Чарли Кирк е фатен. Кирк беше застрелан додека држеше говор пред публика во дворот на Универзитетот Јута Вали во градот Орем.
Федералните истражители и државните власти претходно објавија фотографии и видео од осомничениот, а беа добиени над 7.000 дојави и информации од граѓани. Засега, не се открива идентитетот на осомничениот, ниту можниот мотив за нападот.
Во близина на местото на настанот била пронајдена пушка „Mauser“, калибар .30, завиткана во крпа.
Од оружјето бил истрелан еден куршум, а во магацинот имало уште три. Пушката и муницијата се анализираат во федерална лабораторија.
Инцидентот го отвора прашањето за безбедноста на јавните настани и сè поголемата закана од политичко насилство во земјата.
Безбедносни експерти посочуваат дека заштитата можеби не била соодветна, но и дека постојат ограничувања кога станува збор за отворени простори.
