Вести Свет

Нетанјаху: Израел гради нови хуманитарни зони за евакуираните

Израел повика на целосна евакуација на Газа Сити, нарекувајќи го „последното важно упориште“ на Хамас, додека жителите на северот на Појасот Газа изразуваат пркос и одбиваат да си заминат.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека 100.000 лица веќе ја напуштиле областа, но се проценува дека околу еден милион луѓе сè уште се наоѓаат во Газа Сити, голем дел од нив во шатори и импровизирани засолништа.

„Сакаш или не, Нетанјаху, ние нема да си одиме. Дури и ако бидеме закопани тука – ова е моја земја“, изјави жителот Амар Сукар за Би-Би-Си.

Израелската армија тврди дека има контрола врз околу 40% од Газа Сити, а планира да го заврши заземањето со нова копнена офанзива.

Иако израелската војска најави дека во јужниот дел има нови хуманитарни зони, храна и вода, меѓународните организации предупредуваат дека тие локации се пренатрупани и без доволно ресурси.

Црвениот крст го оцени планот за масовна евакуација како „неизводлив“ и „неразбирлив“.

Во близина на Рафах, Израел гради нов дистрибутивен центар за хуманитарна помош, управуван од израелската фондација „GHF“, со безбедност обезбедена од приватни американски компании.

Но, според ОН, над 1.100 лица загинале обидувајќи се да пристапат до помош од вакви центри од мај досега.

Меѓувреме, Хамас се префрла на герилски напади, а израелската офанзива се соочува со критики дома, особено од семејствата на заложници, кои стравуваат за животите на нивните најблиски.

Сепак, Нетанјаху не попушта, тврдејќи дека ова е последниот чекор до „победа над Хамас“, и покрај растечките жртви и разурнувањата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе