Вести Свет

НАСА: Последното откритие на Марс можеби е „најјасен знак“ досега за древен живот

Роверот „Персеверанс“ на НАСА минатата година откри интересни „дамки како на леопард“ на карпа наречена „Чејава фолс“. Според новата анализа, објавена во списанието „Nature“, овие дамки можеби се поврзани со процеси предизвикани од древен микробиолошки живот – иако научниците сѐ уште не даваат конечна потврда.

„По една година анализа, научниот тим не може да најде друго објаснување“, рече в.д. администратор на НАСА, Шон Дафи. „Ова многу веројатно е „најјасниот знак“ за живот што досега сме го нашле на Марс – што е навистина возбудливо.“

Карпата од која е земен примерокот, наречена „Сафирски кањон“, потекнува од област за која се верува дека пред повеќе од 3 милијарди години била полна со реки и езера. Роверот го изврши дупчењето во јули 2024 година, земајќи примерок од карпа во облик на стрела.

Текстурата на карпата покажува црни дамки – некои мали како „семки од афион“, други поголеми и неправилни, наречени „леопардови дамки“. Овие форми предизвикале голем интерес, бидејќи се слични на текстури кои на Земјата се создаваат при биолошки процеси, односно од микроби што живеат во кал и користат органска материја.

Инструментот „SHERLOC“ на роверот открил присуство на органски соединенија – молекули што на Земјата се поврзуваат со живот. Дополнително, биле забележани бели траги од калциум сулфат – доказ дека низ карпата течела вода.

Според водечкиот автор на студијата, Џоел Хуровиц од Универзитетот Стоуни Брук, присуството на минерали како хематит, железен фосфат и сулфиди, укажува на услови со ниски температури и присуство на вода – слични на средини на Земјата каде микроорганизми користат железо и сулфати.

Сепак, научниците потенцираат дека е можно овие форми да се создадени и без биолошко влијание – преку хемиски реакции на органска материја со железо, иако ваквите реакции бараат високи температури, кои не се детектирани во карпата.

„Сè што видовме укажува дека карпата никогаш не била загреана до тие температури“, додава Тајс. „Ако е така, мора сериозно да разгледаме дали овие дамки се резултат на микроби кои живееле во калта на марсовско езеро пред повеќе од 3 милијарди години.“

За да се добие конечен одговор, неопходно е примерокот да се врати на Земјата. НАСА долго планира мисија за враќање на примероците собрани од роверот, но проектот се соочува со предизвици, особено откако Белата куќа предложи драстично намалување на буџетот за НАСА.

„Го преиспитуваме начинот како да ги вратиме примероците назад“, рече Дафи. „Го анализираме буџетот, технологиите и времето – и бараме поефикасен пристап.“

До тогаш, тимот на „Персеверанс“ ќе продолжи со детална анализа на карпата „Чејава фолс“, додека светот чека можеби најголемото научно откритие – потврда за древен живот на друга планета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе