Американското федерално биро за истраги објави фотографии од „лице од интерес“ за вчерашното убиство на Чарли Кирк.
Истражните органи бараат помош од јавноста за идентификација на лицето.
Ова се први фотографии кои ФБИ ги објави од некое лице за кое се верува дека е поврзано со смртта на Кирк.

Истовремено, федералното биро за истраги објави и дека нуди парична награда во износ до сто илјади долари за секоја информација која би можела да доведе до идентификација и апсење на индивидуата одговорна за убиството на Чарли Кирк.
