Вести Свет

ФБИ ја пронашло пушката со која најверојатно бил убиен Чарли Кирк

Федералното биро за истраги на Соединетите американски држави потврди дека во шумата во близина на Универзитетот Јута, каде што беше убиен Чарли Кирк, била пронајдена автоматска пушка, за која се верува дека била користена во атентатот.

Идентитетот на убиецот засега не е потврден и американските истражни органи единствено информираа дека станува збор за машко лице, кој бил на млада возраст, како да е студент на колеџ. Откако го извршил убиството, тој скокнал од покривот на зградата од каде го истрелал смртоносниот куршум и го напуштил универзитетскиот кампус, потврдија властите.

„Утрово, можам да ви кажам дека го откривме оружјето кое веруваме дека било искористено во вчерашното пукање. Станува збор за автоматска пушка со голема моќност. Оваа пушка беше пронајдена во шумска област, каде што побегнало лицето кое пукало. Лабораторијата на ФБИ ќе го анализира ова оружје. Истражителите исто така открија отпечаток од стапало, отпечаток од дланката и подлактицата кои ќе бидат анализирани“, изјави Роберт Болс, специјален агент на ФБИ.

„Тоа што може да го кажеме за осомниченото лице е дека тој лесно се вклопил, делувал како да е дел од колеџот. Нема да соопштиме повеќе детали сега, но ќе го направиме тоа наскоро. Но не и сега. Но, ова лице наликува како да е на возраст за колеџ“ вели Бо Мејсон, Комесар на одделот за јавна безбедност во Јута.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе