Балкан Вести Свет

„Александар Велики и неговата ера“ – отворена катедра за проучување на војсководецот на Универзитетот „Аристотел“ во Солун

„Меморандум за соработка за отворање нова катедра „Античка грчка историја: Александар Велики и неговата ера“ – на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Аристотел“ во Солун, бил потпишан денеска во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, целта на основањето на катедрата е „систематско и документирано истражување на историјата на Александар Велики, поддршка на интердисциплинарните студии и зајакнување на меѓународното присуство на Универзитетот „Аристотел“ преку соработка со истражувачки центри и универзитети од странство“.

„Новата катедра ќе нуди истражувачка дејност и настава на додипломско и постдипломско ниво, како и активности како што се организирање конференции, семинари и предавања, создавање дигитална платформа со истражувачки и едукативни материјали, како и организирање летни школи и едукативни екскурзии“ информираа од кабинетот на Мицотакис.

Катедрата во следните три години ќе биде финансирана од Здружението на индустрии на Грција, Здружението на извозници на Грција, Трговската и индустриска комора на Солун, Трговската комора на Солун, Занаетчиската комора на Солун, како и со симболичен износ од Секторот за Македонија и Тракија при Министерството за внатрешни работи на Грција.

За време на потпишувањето на меморандумот, грчкиот премиер изрази задоволство за „основањето на оваа многу важна катедра за систематско проучување на периодот што започнува со Александар Велики“.

Посочи дека е многу важно што водечките грчки универзитети веќе ја следат праксата за отворање конкретни тематски катедри, нешто што како што рече е „правило на универзитетите во странство“, но и го истакна фактот што новата катедра во суштина е финансирана од приватниот сектор, од институции од градот, што исто така е честа практика во странство“ пишува МИА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе