Вести Најважни Свет

Трамп ја отпушта гувернерката на Федералните резерви поради наводни хипотекарни кредити

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ја отпушта гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук, поради наводни неправилности при добивање хипотекарни кредити.

Ваквиот чекор на Трамп од страна се оценува како постапка без преседан што би можел да ги тестира границите на претседателската моќ над независното тело за монетарна политика, доколку биде оспорено на суд.

Трамп во писмо до  гувернерката Кук, првата Афроамериканка што служела во управното тело на Федералните резерви, изјави дека имал доволно причини да ја отстрани од позицијата, бидејќи во 2021 година Кук на документите за одделни хипотекарни кредити за имоти во Мичиген и Џорџија навела дека и двата биле примарна резиденција каде што таа имала намера да живее.

Гувернерката Кук одговори неколку часа подоцна во изјава испратена по електорнска пошта до новинарите преку адвокатската канцеларија на адвокатот Абе Лоуел, велејќи за Трамп дека нема причини според законот и дека тој нема овластување да ја отстрани од работното место на кое беше назначена од поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, во 2022 година.

Трамп во писмото ја обвини Кук за измамничко и криминално однесување во финансиски прашања и рече дека нема доверба во нејзиниот интегритет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе