Вести Најважни Свет

(Видео)Израел ја нападна палата во срцето на главниот град Сана во Јемен

Во израелски воздушни напади погоден е  главниот град на Јемен, само неколку дена откако  Хутите, поддржани од Иран, испукаа, како што израелската војска го опиша, првата касетна бомба лансирана од бунтовниците од 2023 година.

„Воздухопловните сили повторно нападнаа стратешки цели во Јемен денес. Тие ја нападнаа претседателската палата во срцето на главниот град Сана, електраната на градот и резервоарите за гориво што ја снабдуваат. Терористичкиот режим на Хутите учи на тежок начин, и дека ќе плати многу висока цена за својата агресија против државата Израел“ изјави Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер.

Хутите изјавија дека израелските напади во неделата погодиле повеќе области низ Сана. Министерството за здравство, управувано од Хутите, соопшти дека две лица се убиени, а 35 други се повредени во напад врз нафтена компанија. Хутите претходно соопштија дека нападот врз Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе