Унгарија и Словачка соопштија дека снабдувањето со нафта преку нафтоводот „Дружба“ би можело да биде запрено на најмалку пет дена по најновиот украински напад врз објектот. Двете земји ја повикаа Европската комисија да гарантира безбедност во испораките.
„Без нафтоводот, безбедното снабдување на нашите земји едноставно е невозможно“, наведоа министрите за ндворешни работи на Унгарија и на Словачка, Петер Сијарто, односно Јурај Бланар во писмото до ЕК.
Сијарто наведе дека унгарската влада за нападот дознала доцна синоќа.
Протокот на нафта во Словачка преку нафтоводот „Дружба“ е запрен, соопшти словачкиот оператер на цевководот „Транспетрол“.
Енергетската постројка во руската област Бријанск, низ која минува нафтоводот „Дружба“ кон Европа, се запали како резултат на украински ракетни напади и удари со дронови, соопшти регионалниот гувернер, Александар Богомаз, според кого пожарот во меѓувреме е локализиран и изгаснат.
