Вести Свет

Вучиќ ги повика студентите во блокада на разговор – Нивниот одговор “Прво распиши избори”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги покани сите претставници на, како што изјави, „студентското-блокадерско движење“ на дебата што ќе се одржи јавно, на сите телевизии.

Во објава на Инстаграм профилот на buducnostsrbijeav, Вучиќ истакна дека Србија мора да ги реши своите проблеми преку демократски дијалог, а не преку насилство.

Ги поканувам претставниците на студенсткото-блокадерско движење на разговор и јавна дебата за визиите, да разговараме за нашите планови и програми за иднината и сите заедно да го осудиме насилството на нашите улици, рече Вучиќ во видео објава на Инстаграм.

Тој додаде дека демонстрациите низ Србија траат веќе девет месеци.

Дел од луѓето во нашата земја сакаат промени. Прво го маскираа тоа со барања за правда, а потоа отворено почнаа да зборуваат за политички промени и барања за избори, иако претходно ги отфрлија. И покрај сите лоши работи што ги мислам за нивните барања, мислам дека е многу важно да ги слушнеме и да се слушаме едни со други. Мислам дека е од клучно значење да се обнови дијалогот во нашата Србија, истакна Вучиќ.

На тоа одговорија студентите во блокада од бројни факултети во Србија, а сите пораки се сведуваат на едно – сакаат да се распишат избори и дека нема да разговараат сега, туку кога ќе бидат распишани и за време на кампањата.

Претседателот нè покани на јавна дебата. Очигледно, тој нема одговор на народниот бунт, па сега треба да разговара со нас, кои не нарекува терористи со месеци. Ќе дебатираме за визии и програми за иднината, во предизборната кампања, кога ќе бидат распишани избори – напишаа студентите во блокадата на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград на социјалната мрежа „X“.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе