Вести Македонија Најважни

Триесет дена притвор за човекот што се закануваше за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром- тој се товари за „тероризам“

Определен е 30-дневен притвор за лицето кое што пред пет дена се закануваше за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром.

„Во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство на осомничениот“, велат од ОЈО ГОКК.

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам.

Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија.

  • Веднаш по приемот на заканата од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам биле активирани протоколите за антитерористичка проверка и по неколкучасовна проверка е утврдено дека станува збор за лажна пријава, објави ОЈО ГОКК.

Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари – заврши годишното оданочување за 2025 година

Sasko Dimovski

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе