Вести Македонија Најважни

Владата со апел до сите институции да го поднесат бројот на службени возила, но рокот истече пред два дена

Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека евидентирани се 1.916 возила пријавени од страна на повеќе институции, согласно рокот предвиден со изборните дејствија за локалните избори кои се закажани за 19 октомври годинава.

Ако бројот на службени возила изнесува 6.500, тогаш остануваат неевидентирани повеќе од 4.584 возила.

Денеска од владата на новинарско прашање одговорија дека сите институции треба го поднесат бројот на службени возила, a што се однесува до промена на бојата на регистарските таблички, велат дека ќе се запази рокот 15. септември.

  • „Сите институции да го поднесат бројот на службени возила. Владата има донесено и одлука дека рокот за поставување на регистарските таблички во боја е 15. септември и тоа ќе го завршиме во насока да нема повеќе злоупотреби на службени возила“, изјави Марија Митева, портпарол на Владата.

Покрај бројот на непријавени возила, пред два дена истече и рокот за пријавување.

  • Државни органите, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал требаше да достават податоци за бројот, марката на возилото, година на производство, регистарски број и возна состојба до ДКСК најдоцна до 18 август.

Во ДКСК евидентирани се само 1.916 службени возила – функционерите не смеат да ги користат во изборна кампања

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари – заврши годишното оданочување за 2025 година

Sasko Dimovski

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе