Вести Македонија Најважни

МЗ најави постапка и вонредни надзори по тврдењата на Кедев дека „приватни болници правеле непотребни операции за да земат државни пари“

Кој профитира на штета на здравјето на пациентите?! – Министерството за здравство ќе ги проверува тврдењата на кардиологоот Сашко Кедев дека приватни болници правеле непотребни операции на отворено срце само за да земат државни пари. Министрерството најави итни, вонредни надзори.

Врз основа на информациите што се споделени во јавноста, министерството за здравство веќе се координира за проверка на тврдењата, како и спроведување на итни и вонредни надзори со цел добивање на целосната слика. Здравствениот систем се заснова на доверба и затоа секоја јавна комуникација треба да биде одмерена и заснована на проверливи информации, без шпекулации и без поистоветување на поединечни случаи со целиот систем. Секако дека секој има право на свое мислење, а посебно ако тоа е поткрепено со аргументирани факти, но исто така сметаме дека потребно е да се избегнуваат изјави кои водат до генерализации и сензационализам“, соопштија од министерството за здравство

Пред четири дена, Кедев обвини дека приватни болници го ставаат профитот пред здравјето на пациентите. Вршеле непотребни операции на срце, ризикувајќи животи. Во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Кедев кажа дека за ваквите тврдења има и докази.

„Ние во моментот се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции кои се профит ориентирани. Имаме пролиферација на приватни болници на кои интересот им е профитот. Тоа се лесно докажливи работи, имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во САД или Англија, тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба, за тоа имаме докази. Тоа треба релевантните институции да преземат нешто, здравство, Фондот. Зборуваме за многу сериозни етички проблеми, поврзани со профит“, посочи Кедев.

Според податоците објавени на веб-страбницата на Фондот за здравство, само минатата исплатиле околу 17 милиони евра на двете најголеми приватни болници во Скопје, за 2.484 здравствени интервенции. Торакална и државната карадиохирургија истата година добиле 11 милиони евра за 1.074 пациенти.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари – заврши годишното оданочување за 2025 година

Sasko Dimovski

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе