Вести Свет

Израелската армија ќе мобилизира 60 000 резервисти за окупација на градот Газа

Израелската армија потврди дека ќе мобилизира околу 60 000 резервисти, за планираната офанзива за освојување и окупација на градот Газа во истоимената палестинска територија.

Очекувањата се дека на стотици илјади Палестинци од градот Газа најверојатно ќе им биде наредено да се евакуираат и побараат засолниште во јужна Газа.

Голем дел од Израелските сојузници го осудија планот на владата на Нетанјаху, додека Обединетите нации и најреномираните невладини хуманитарни организации предупредија дека уште една офанзива и дополнително масовно раселување на цивилите, по 22 месеци брутална војна, ќе има „ужасни хуманитарни последици“.

Веста за мобилизацијата на резервистите уште повеќе ги намалува и очекувањата дека Израел ќе го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа, со кој Хамас веќе се согласи. Палестинците имаат се помалку надеж дека израелските напади, кои срамнија со земја огромен дел од Газа, конечно ќе стивнат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе