Мртво лице е пронајдено утрово во зградата на парламентот на Финска. Според информациите на финскиот весник Илталехти, станува збор за пратеник кој извршил самоубиство. Идентитетот на починатиот е познат на редакцијата, но неговото име не е објавено сè додека не биде контактирано семејството.
„Во претпладневните часови имавме смртен случај. На местото на настанот се упатени екипи на Итната помош, пожарникари и полиција преку центарот за итни повици. Надлежните служби моментно спроведуваат постапки“, изјави шефот за обезбедување на финскиот парламент, Ааро Тоивонен за Илталехти.
Запрашан дали станува збор за самоубиство, Тоивонен не негираше. Додаде оти не може да каже во кој дел од зградата бил смртниот случај, ниту дали станува збор за пратеник или вработен во парламентот. Нагласи дека за давање на информации во иднина ќе биде надлежна полицијата.
Полициски извори, пак, претпладнево објавија дека се истражуваат околностите кои довеле до смрт. Првичните информации не упатуваат на казнено дело.
Фото: printscreen/youtube.com
